Компанијата МАНДИ-ТРАНС е основана во 1988 година од страна на семејството Милошевски – Манди, како компанија специјализирана исклучиво за друмски превоз на течни производи.

Транспорт

Денес нашиот транспортен капацитет изнесува 380.000 литри, што подразбира 16 најмодерно опремени авто-цистерни за превоз на прехрамбени артикли во течна состојба. Нашите цистерни се 3 или 4 коморни, изработени од В2А инокс челик, топлински изолирани и со сопствено греење. Со оглед на тоа дека се бавиме и со агенциски работи, имаме можност според потребите да обезбедиме и поголем број на возила.

Вршиме транспорт на млеко, вино, семенски масла, овошни сокови, меласа и.т.н.

Со цел да им понудиме на корисниците на нашите услуги исклучителни перформанси, сигурност и точност во извршувањето на превозите, сите наши возила се диспонираат преку мобилен телефон или преку GPS уреди. Нашиот персонал ви е на располагање 24/7, 365 дена во годината и секогаш расположен да одговори на сите евентуални побарувања на нашите клиенти!

Перална

Од неодамна пуштивме во употреба и перална лоцирана во стопанскиот двор на нашата компанија. Опремена е со најмодерна технологија што овозможува брзо и квалитетно перење за кое издаваме сертификат. Има инсталиран третман на отпадни води што е во потполна согласност со еколошките стандарди и нема опасност по животната средина.

Таа се состои од:

  • три вентили за перење
  • перење со топла и ладна вода
  • употреба на различни детергенти во зависност од продуктите
  • модерна технологија која овозможува перење под висок притисок обезбедувајќи им на нашите клиенти брза и ефикасна услуга.

Галерија

Светот постојано се движи, а со Нас и Вие!

Контакт




Проценки, прашања, информации?

Не двоумете се да нѐ контактирате!
Пополнете го формуларот од левата страна или додајте нѐ на Skype.

МАНДИ-ТРАНС

Штипска 47
7000 Битола
Република Македонија

тел. + 389 47 202 035
факс + 389 47 202 849